2win800x200

Битолската полиција во два ноќни клуба во близина на Шеталиштето затекна дрога

Декември 04, 2022

СВР Битола во два ноќни клуба затекна дрога. Апла.мк неофицијално дознава дека и два клуба се едни од најпосакуваните места за ноќно излегување на младите битолчани и се во близина на Шеталиштето. СВР Битола и криминалистичката полиција продолжуваат со решителните акции. 

 

Денеска (04.12.2022) во 02.35 часот во угостителски објект на градско шеталиште во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Е.А.(35) и С.Р.(47), двајцата од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Денеска (04.12.2022) во 02.15 во угостителски објект на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.Т.(25) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани