2win800x200

Општина Битола ги наградува талентираните и наградени ученици

Декември 17, 2022

На иницијатива на градоначалникот, Тони Коњановски, годинава за првпат по повод, Денот на Заштитникот на градот, „Свети Нектариј Битолски“, општина Битола, доделува награди за талентираните и наградени ученици од основните и средните училишта од Битола. Бројот на пристигнати апликации, вкупно 197, потврди дека општината, има навистина многу талентирани деца, кои постигнуваат високи резултати и достојно ги промовираат градот и државата во меѓународни рамки.

Согласно, условите наведени во јавниот повик, оваа година, за постигнатите успеси во учебната 2021/2022 година, парична награда, ќе добијат 19 ученици, наградени за освоено прво место на меѓународни натпревари.

Оваа година, добитници на парична награда од општина Битола, се ученици од 7 основни училишта и едно средно училиште, односно учениците:

1.            Давид Стојчевски СДУ Музичко училиште

2.            Димитриј Стојчевски СДУ Музичко училиште

3.            Кристијана Илиевска ОУ Даме Груев

4.            Ана Матеска СДУ Музичко училиште

5.            Маркијан Поповски СДУ Музичко училиште

6.            Арсениј Ангелески СДУ Музичко училиште

7.            Стефан Митревски ОУ Климент Охридски

8.            Теона Буџаковска ОУ Елпида Караманди

9.            Јована Арсоска СДУ Музичко училиште

10.          Софија Михајловска СДУ Музичко училиште

11.          Алексеј Белевски ОУ Стив Наумов

12.          Андреа Николовска СДУ Музичко училиште

13.          Игор Наумовски ОУ Кирил и Методиј

14.          Ѓорѓи Димовски СДУ Музичко училиште

15.          Леонардо Димоски СДУ Музичко училиште

16.          Илина Момировска ОУ Стив Наумов

17.          Анастасија Петреска СДУ Музичко училиште

18.          Елена Вчковски ОУ Тодор Ангелевски

19.          Јане Петровски ОУ Коле Канински

Според податоците добиени од Министерството за образование, награда не се доделува за освоено прво место на натпреварот за популаризација на математиката „Кенгур“, бидејќи истиот не е меѓународен натпревар.

Општина Битола, верува дека овогодишните награди, ќе претставуваат мотив за сите ученици во општината и понатаму, да се насочуваат кон постигнување на високи резултати и градење на вистински вредности. Општината и во следниот период, продолжува да биде поддржувач и поттикнувач на учениците, со воведување на нови начини на стимулирање на нивните нови успеси и достигнувања.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани