2win800x200

Златни деца има Битола!-Парична награда од општината за талентираните ученици

Декември 17, 2022
По повод Денот на заштитникот на градот, „Свети Нектариј Битолски“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес им ги додели наградите на 19 те талентирани ученици кои освоија најмногу бодови на јавниот повик, кој општината го објави во февруари годинава. Пријавите кои пристигнаа со освоени високи места на битолските ученици на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари, потврдија, дека Битола има навистина многу успешни млади луѓе кои заслужуваат да бидат поддржани, поттикнати и наградени од локалната самоуправа.
Градоначалникот Коњановски, во своето обраќање на денешниот настан, пред присутните директори на училиштата, учениците и нивните ментори, нагласи дека, овогодишното искуство е поттик за уште поголема поддршка и поттик на учениците за идната година:
„Од оваа година, како локална самоуправа, одлучивме празнувањето на Денот на заштитникот на градот, да го направиме заедно со Вас, како интелектуална сила на нашата општина, која значи надеж, иднина, напредок за Битола, но и воопшто за нашата држава.
Можно е да е слика од 10 луѓе, седнати луѓе и внатре
Изминатите години, имало неколку обиди, општината да го награди успехот на учениците, но годинава за првпат, одлучивме тоа да го направиме низ јавен и транспарентен процес, со објава на јавен повик, на кој ќе може да се пријават сите ученици кои ги исполнуваат критериумите и тоа по своја желба, по желба на родителите и менторите. На овој начин, сакавме да постигнеме рамноправност, секој ученик да добие шанса, да аплицира за награда, преку еден натпреварувачки процес, во кој од најдобрите ќе бидат избрани, тие со најмногу освоени бодови.
И навистина, се докажа дека Битола, има навистина вредни, талентирани и надарени ученици. Тука мислам, на сите тие 197 пријавени ученици, кои учеле, се натпреварувале и постигнувале високи резултати на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари.
Високите резултати на нашите ученици, навистина и дадоа тешка задача на комисијата, која мораше да донесе одлука за избор во рамките на предвидените средства, согласно Програмата.
Ова е прв јавен повик, од кој произлегуваат и нови искуства, кои ќе се применат за следниот јавен повик, а пред се радува фактот што идната година, ќе треба да бидат зголемени средствата со кои ќе ги наградуваме и стимулираме нашите најмлади сограѓани.
Радоста на денешниот ден е уште поголема, затоа што сите 19 наградени ученици оваа година, имаат освоено прво место на меѓународни натпревари. За ваквиот успех, сакам да Ви честитам и да Ви посакам уште многу успеси, на заедничка радост на сите нас.
Можно е да е слика од 7 луѓе, луѓе што стојат, седнати луѓе и внатре
Сакам да им честитам на успешноста и на останатите ученици, кои се пријавија на јавниот повик и навистина имаат постигнато високи резултати. Им порачувам да не се обесхрабруваат и да продолжат да чекорат по патот на кој веќе ја докажуваат својата успешност со многу награди и признанија.
Како градоначалник, мојата заложба во следниот период ќе биде секој ученик кој постигнал високи резултати, да биде награден и од општината, мотивиран и поддржан во напорната работа за достигнување на високи цели.
Нека ни е честит Денот на заштитникот на Битола! Нашиот Свети Нектариј Битолски нека биде светлина на патот кој ќе не води кон успехот“, рече градоначалникот Коњановски, кој им ги врачи признанијата на наградените, со кои овие ученици добиваат парична награда во износ од 15.000 денари.
Одбележувањето на Денот на заштитникот на Битола, продолжува утре со утринска богослужба која ќе започне во 08:00 часот, а потоа ќе се отслужи Света Божествена Литургија, по што во 10.30 часот, ќе следува Литија со моштите на „Свети Агатангел Битолски“, во чест на нашиот патрон и Заштитникот на градот – Свети Нектариј Битолски.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани