Гимназијата „Јосип Броз - Тито“ Битола го доби своето партнер училиште од Германија!
-На работната посета реализирана во период од 12 до 15 декември во градот Рендсбург во Германија, од страна на директорката Лидија Споа, проф. Нина Илиќ и проф. Михаил Наумовски, склучен е договор за соработка и взаемна посета со Кристиан Тим, училиште од Рендсбург, од покраината Шлезвиг-Холштајн од Германија.
На работните состаноци, од двете работни групи, се утврдија теми за престојните проекти,
термини за посета како и предлози за продлабочување на взаемната соработка.
Ова е уште еден од низата проекти кои нашето училиште ги прави за афирмација на германскиот јазик и унапредување на македонско-германското пријателство, информираат од Гимназијата .