2win800x200

Паркингот кај Спортската сала ќе се реконструира во 2023 година

Декември 27, 2022

Според плановите на Јавното претпријатие за паркинзи, паркингот кај Спортската сала ќе биде реновиран идната година. Ова  на денешната седница на Совет го најави советникот Зоран Петковски кој рече овој паркинг е лицето на градот пред се поради близината на спортскиот објект и пакот, па посебно за време на викенди е многу фреквентен. Тој рече дека паркингот е во очајна состојба и досега имале реакции од граѓани, како и од сопствениците на околните сендвичари дека од паркингот се крева голема прашина.  Петковски најави дека етапно ќе се асфалтира индата година и дека проектот е изработен. Предвидено е поставување на нови рампи од 25 000 евра, а ќе е работи и на водоводна и одводна инсталација, улично осветлување, поставување на канделабри и хортикултурно уредување. 

Петковски напомена дека на паркингот кај Декорпод кој ќе биде од отворен тип в година ќе има уште сто паркинг места, а на ниво на град во 2023 година се очекува бројот на паркинг места да биде зголемен за нови 240 паркиралишта.    

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани