АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во осумте фестивалски денови на „Битола Шекспир фестивалот“ во Битола присуствуваа околу 400 уметници од Казакстан, Израел, Полска, Романија, Црна Гора и Македонија. Над 2000 -на публика ги проследи 12 претстави на сцената на Народниот театар во Битола во периодот од 23 до 30 јуни.
„Имаше 12 претстави, се зборуваше на 10 јазици на сцената на Народниот театар. На програмата беа претстави за сечиј вкус, па и за најмладите, за првпат Сонетите на Шекспир беа изведени на А капела концерт предводен од полската мега ѕвезда Станислав Сојка кој во Полска е на ниво на Мадона и Шакира“, рече Илина Чоревска, програмски директор на Народниот театар во Битола.
Таа истакна дека меѓу странските гости беше и еден од најзначајните театарски режисери во Европа, Андреј Жолдак, со кого договараат соработка за следната година, а бил воодушевен од искреноста и талентираноста на битолските актери.