2win800x200

Повеќе од 50 млади само од Битола студираат во Словенија

Јули 02, 2018

Само од Битола, повеќе од 50 млади луѓе студираат во Словенија. Ова е знак на пријателство помеѓу двете држави, како и потврда за довербата  на македонската младина во Словенија, беше речено на денешната средба помеѓу Општина Битола и Амбасадата на Р. Словенија, во гимназијата „Јосип Броз Тито“, каде  беа донирани книги, преку кои идните средношколци ќе имаат можност повеќе да се за запознаат со словенечкиот јазик и култура. Фактите покажуваат дека, многу млади средношколци од Битола, своите студии ги продолжуваат на универзитетите во Словенија.

 received 269456420458278

„Драго ми е што со градоначалничката и со некои професори, создадовме можност на учениците – идни студенти да им претставиме, што е Словенија, какви се можностите и да стекнат чувство за атмосферата. Посебно ми е драго што во последните неколку години Словенија стана прва студентска дестинација за студентите од Македонија. Помеѓу Словенија и Македонија, постојат постојани контакти на сите полиња, така што ми е драго што студентите доаѓаат во Словенија, а потоа имаат можност да се вратат и наученото да го донесат тука, изјави проф д-р Милан Јазбец, Амбасадор на Р. Словенија во Република Македонија.

Како пример амбасадорот Јазбец го посочи библиотекарот во Гимназијата, Драган Ристевски со кој заедно студирале во Словонија, па  Ристевски се врати назад во татковината.

Ставот на Општината е дека оваа соработка е во насока на унапредување на образовниот систем, зголемување на знаењата на учениците и создавање услови за континуиран напредок.

-Имајќи предвид, дека голем број битолчани заминуваат на студии во Словенија, на словенечките универзитети, на една од последните средби со амбасадор на Р. Словенија договоривме, да организираме една средба со заинтересираните ученици од нашата општина, како би добиле информации за нивните намери, како да го продолжат своето школување во Словенија, рече градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

Амбасадорот Јазбец донира 10 книги на македонски јазик, кои претставуваат превод на словенечката литература и книжевност, така што да можат учениците во гимназијата да се запознаат што е тоа словенечка литература, а тоа дополнително да ги обучи и привлече на студии во Словенија, а потоа да го донесат своето знаење овде.

-„Меѓу тие книги се наоѓа и една моја книга, рече амбасадорот.

За градоначалничката Петровска дополни дека  со оваа донација идните студенти би имале можност, малку порано да се запознаат со  словенечкиот јазик и тоа да им бидат олеснителни околности во нивните понатамошни намери да студираат токму на словенечките универзитети.

-Ме радува оваа соработка и покажува дека само вака, взаемно можеме да функционираме во интерес на нашите млади, рече Петровска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани