2win800x200

Млад битолчанец паднал во Драгор кај дрвеното мовче, пожарникари го ваделе од реката

Јануари 12, 2023

31-годишно лице од Битола паднало во реката Драгор, при што заработило телесни повреди.

 

На 12.01.2023 во СВР Битола  е пријавено дека во коритото на реката Драгор во Битола, во близина на дрвеното мовче, има паднато лице. Интервенирале полициски службеници и припадници на Територијалната противпожарна единица Битола, при што И.Ј.(31) од Битола, кој претходно паднал во реката, бил извлечен и пренесен во Клиничка болница Битола, каде му биле констатирани телесни повреди. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани