2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

И новинарите го бркаат рекордот на Папалот во вртење мазник за Василица

Јануари 13, 2023
фото и видео Златко Јосифовски фото и видео Златко Јосифовски

Друштвото на битолчанецот Велчо Петровски Папал вечерва по 45 пат ќе се собере да ја дочека Стара Нова Година и се чини дека е е најдоследно во негување на оваа Василичарска традиција во Битола, кога се врти мазник со паричка.

 папал1

-Во Битола традицијата е на 13 јануари да се собираат друштвата, а на 14 јануари се собираат фамилиите. Старите битолчани тоа го прават во своите домови. Моето друштво се собира на 13 јануари, еве веќе 45 години, а сме 12 парови. Се прават мазничиња, се става паре, односно ние ставаме златник, на кој ќе му падне го добива. На почетокот се собиравме во домашен амбиент, сега модерните жени не го прифаќаат тоа и се собираме по кафеани. За мене тоа е неприфатливо, но тоа го носи модерното време, вели Велчо Петровски Папал.

Семејно, во домовите, мазникот се врти на 14 јануари, а три дена пред и три дена по Василица, паричката се бара на работните места, меѓу колегите, пријателите друштвата. Битолчани за овој празник имаат поголеми подготовки и го доживуваат со поголема радост отколку Нова година, а рестораните се резервираат и еден месец порано. Домаќин обично е оној кому му паднала паричката претходната година. Се јадат колбаси, се игра комар и се пеат староградски песни до рано изутрина. Домаќинот го дели мазникот на онолку парчиња колку што има гости . Секој ја а бара паричката, а за оној што ќе ја пронајде, се верува дека среќата ќе му биде наклонета целата година. И битолските новинари имаат долга традиција на одбележување на Василица.

-Годинава е 18 пат како се собира една поголема група на битолски новинари да ја прослави Василица со вртење на мазник со паричка. Денес ова друштво слави полнолетство, ако можам така да се изразам. Во текот на години некои од колегите не доаѓаат, се менува составот, некои се пензионираа, имаме и нови пријатели, покрај новинарите, доаѓаат сниматели, фоторепортери, фотографи. Така друштвото се проширува, на тој начин опстојуваме и ја славиме традицијата. Можам да кажам дека соработката не е само за Василица и за на софра, туку соработуваме и во рамките на професијата, разменуваме размислувања околу новинарски проблеми ,се поддржуваме, соработуваме. Најголем дел од новинарите во Битола функционираат како едно поголемо семејство, односно иако се од различни редакции функционираме како една голема редакција, вели Жанета Здравковска, регионален координатор на ЗНМ

1

144

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани