2win800x200

Превентивни активности на СВР Битола-„Не користи мобилен телефон додека возиш!“

Јануари 17, 2023
Денеска (17.01.2023) полициски службеници од СВР Битола,ОВР Ресен на повеќе патни правци на подрачјето на Ресен реализираа превентивна активност од областа на сообраќајот.
Притоа, во рамки на кампањите „Биди одговорен, користи зимска опрема“ и „Не користи мобилен телефон додека возиш!“, во непосредна комуникација со граѓаните, пред сѐ со возачите, полициските службеници укажуваа на потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи во зимски услови, почнувајќи од задолжителното носење и користење на зимска опрема за возилата, прилагодување на сообраќајот согласно отежнатите услови на патиштата, како и некористење на мобилен телефон додека се управува со моторно возило. Воедно на возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Исто така, полициски службеници од СВР Битола и ОВР Крушево реализираа превентивни активности со пензионерите со цел превенција од имотни деликти и измами. Полициските службеници ги посочуваа начините и можностите за превенција од имотни деликти, но и од измамите насочени главно кон постари лица. На граѓаните им беа делени и едукативни летоци со базични информации во насока на поголема внимателност и заштита од имотни деликти.
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани