2win800x200

Лука доби подароци и парична награда од Општина Битола што го фати светиот крст на Водици

Јануари 20, 2023
Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, денес оствари средба со Лука Дамчевски, 15 годишен битолчанец, кој вчера беше најсреќен и го фати Светиот крст во осветените води во храмот „Св. Великомаченик Димитриј“, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Можно е да е слика од 2 луѓе, седнати луѓе, луѓе што стојат и внатре
„Му посакувам на Лука успех во училиштето Таки Даскало, каде што се школува, лична среќа, среќа во семејството, здравје пред се, успеси понатаму во животот. Разговаравме за неговите ангажмани и натамошното продолжување на школувањето. Во име на општина Битола доделуваме скромен подарок, тоа е иконата на нашиот заштитник, битолскиот светец „Св. Нектариј Битолски“ и финансиска поддршка од 15.000 денари. Воедно на сите граѓани на општина Битола им го честитам големиот православен празник Богојавление – Водици, со желба за лично здравје, да ни донесе повеќе бериќет, среќа, љубов, почит меѓусебна и во мир и благосостојба да ја поминеме годинава која е пред нас“, посочи на средбата градоначалникот Коњановски.
Дамчевски истакна дека вчера за прв пат учествувал во церемонијата на фаќањето на Светиот крст и е особено е радосен што токму тој е најсреќен оваа година, кога имаше и рекорден број пријавени учесници на манифестацијата.
Можно е да е слика од 3 луѓе, седнати луѓе, луѓе што стојат, цвет и внатре
„Мотивацијата ми беше да пробам, да видам какво е чувството за здравје. Го почувствував крстот со ногата, не беше тешко, но беше тешко да се извади поради гужвата, бидејќи имаше многу луѓе внатре, во водата. Посакувам среќа кај сите, а за следната година не знам, со Господ напред, па ќе видиме дали пак ќе учествувам“, рече младиот Дамчевски.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани