2win800x200

ЕСМ Продажба потпиша договор за набавка на природен гас за месец февруари 2023 за свои потреби, како и за потребите на други стопански субјекти во државата со фирмата Балкан Јутилитис

Јануари 26, 2023

На јавниот повик кој беше достапен за сите домашни и странски компании пристигнаа две понуди. Фирмата Актаел понуди цена од 99,83 eвра/MWh, а фирмата Балкан Јутилитис понуди цена на природниот гас од 98,71 евра/MWh.

Понудените цени на гасот од страна на двете фирми ги опфаќаат сите трошоци за набавка на енергенсот, како што се закуп на преносни капацитети, разни такси и маржа. Овој факт го потенцираме со цел да се избегнат евентуални шпекулации кои би произлегле од цената на гасот на берзите во моментов, но во берзанската цена не се вкалкулирани сите споменати дополнителните трошоци кои произлегуваат од набавката, како што се закуп на преносни капацитети, разни такси и маржа.

Со понудувачот кој имаше понудено пониска цена во моментот на носење на одлуката за избор, во случајот Балкан Јутилитис, склучен е валиден деловен договор кој ги содржи сите параметри од јавниот повик, односно количина, цена, динамика и гаранција за испорака.

Со оваа набавка во целост ќе се задоволат потребите од природен гас за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останати потрошувачи на природен гас во Република Северна Македонија. Граѓаните да бидат сигурни и спокојни дека и во февруари ќе продолжи континуираното снабдување со топлинска енергија.

Јавен повик за набавка на природен гас за месец март 2023 година ќе биде спроведен во текот на февруари.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани