АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола, ги известува граѓаните дека, почнувајќи од утре 27.01.2023 година, до 03.02.2023, економскиот оператор „ПРОВЕТАЛЕК“ ДООЕЛ, согласно склучениот договор со општината за набавка на услуги за заловување и стручен третман на кучиња скитници и нерегистрирани кучиња на територијата на општина Битола, ќе врши заловување на кучиња на улицата „Партизанска“, на потегот од кружниот тек кај „Веро“ до крстосницата со улица „Никола Тесла“ (кај Расчекор ).
Податоците за секое заловено куче се внесуваат во ветеринарно-информативниот систем и се однесуваат на: локација на заловување (гео координати), извршен тест за социјализација, аплицирана ушна маркица со број и ознака БТ, бар код од микрочип, извршен тест за детекција на антитела на лајшманија, хируршки зафат - кастрација или стерилизација, вакцинација против беснило со дехелментизација и податоци за враќање во реон на заловување или вдомување. На овој начин, се врши соодветен хуман третман на кучињата, но и заштита на населението, како од каснувања, така и од можноста за создавање средина која е потенцијален извор за пренесување на одредени зоонози и паразитарни заболувања.
Со цел, ефикасно делување и овозможување поддршка и соработка со граѓаните во спроведувањето на процесот на заловување, општина Битола ја известува јавноста дека:
Во овој период, контролата на терен ќе биде зголемена и активно ќе се преземаат законски предвидените мерки. За да може да се постигне поголем ефект во спроведувањето на мерките, неопходна е поддршка и соработка на општината и другите институции со граѓаните.
После вчерашната информација од општина Битола, до општината доставени се две пријави, од кои една за несоодветно постапување од страна на сопственик кон агресивно куче и лоциран граѓанин кој испушта кучиња во пакет во близина на Завод и музеј. Пријавите се евидентирани и по истите се постапува од страна на надлежните служби.