2win800x200

Чествување по повод 151 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Февруари 04, 2023
Делегација од општина Битола, предводена од градоначалникот Тони Коњановски и претставници на Советот на општината, по повод 151 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, положи свежо цвеќе пред Спомен куќата на македонскиот револуционер, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење.
Во чест на денешниот ден, почит одадоа и претставници на Сојузот на борци, политичките партии и други граѓански организации од Битола.
Гоце Делчев, високо издигнувајќи го неговиот интернационален и космополитски поглед, преку неговата борба, идеали и пораки и денес ни дава поука, но и не обврзува на нашата голема должност да се грижиме за нашите вредности, да ги почитуваме традициите, да не дозволиме поделби и да го сочуваме македонското национално ткиво на достоинствен начин.
Нека му е вечна славата!
May be an image of 5 people, people standing and outdoors
May be an image of 8 people, people standing and outdoors
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани