2win800x200

Општина Битола ќе даде 500.000 денари за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија

Февруари 08, 2023

На иницијатива на Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и Претседателката на Советот, Габриела Илиевска, денес се одржа вонредна седница на општинскиот совет, на која беше донесена Одлука за доделување на финансиска помош од Буџетот на општината Битола за настраданите од земјотресот во Република Турција и Сирија. Одлуката беше донесена едногласно со поддршка од сите советници, со што Општина Битола, ќе овозможи финансиска помош во износ од 500.000 денари.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани