2win800x200

Битолското ВМРО ДПМНЕ контра пресконференцијата на СДСМ

Февруари 08, 2023

Интегрално соопштението на ВМРО ДПМНЕ Битола како одговоор од прес конференцијата на СДСМ 

Криминалот и незаконското работење СДС Битола и јавното обвинителство да го побарааат во ревизорскиот извештај  на ЈКП ВОДОВОД Битола од 2020 година

Почитувани од СДС,

Одлуките на управниот одбор на ЈКП ВОДОВОД Битола потврдуваат дека директор на ЈКП ВОДОВОД Битола патувал со одлука на Управниот одбор и законски е се покриено.

СДС Битола и јавното обвинителство да се позанимааат со ревизорскиот извештај  за ЈКП ВОДОВОД Битола од 2020 година во кој  јасно се нотирани незаконски склучувани договори без обезбедени банкарски гаранции и склучувани анекси договори за набавка на водоводен материјал.

СДС Битола бесрамно се обидува  да ја намали политичката штета од смртта на битолчанецот кој 2 години ве молеше да му набавите лек за болните од цистична фиброза.

Наместо да се извините и да покажете солидарност со болните од цистична фиброза, вие удирате таму каде што нема простор - каде нема предизвикана никаква штета на претпријатието дури ниту за патни или други трошоци, а целта е оправдана и за тоа постојат докази.

Ниту морално, ниту етички, Вие кои го уништивте градот и државата имате право да барате оставка, со тоа само уште еднаш потврдувате дека бесрамно се однесувате кон фактите што го уништивте безмилосно националното достоинство и народот го турнавте во страшна сиромаштија. И наместо како централна власт да размислите и да ги решавате проблемите на граѓаните, криминалот и корупцијата, за која секојдневно ве прозиваат, Вие и натаму очајно глумите власт.

На крајот, како партија бескрајно ја почитуваме слободата на говор и правото на критичко мислење на медиумите и ќе се воздржиме од правна процерура за докажување на Вашите наводи.

Вашите импровизации се оддалеку препознатливи!

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани