АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во РЕК „Битола“ започнаа активностите за нега и санација на Блок 2, соопштија од енергетскиот комбинат.
Мини ремонтот на постројката предвидено е да трае околу две недели. Во овој период планирани се повеќе интервенции на различни позиции со цел зголемување на стабилноста и доверливоста на блокот. посочуваат од РЕК „Битола“.
Блок 2 до исклучувањето синоќа во 2 часот по полноќ, беше во континуиран работен процес над 75 дена. Минатата година Блок 2 произведе 1.382.666 MWh електрична енергија што претставува рекорд во последните осум години. Мини ремонтот кој започна треба да обезбеди стабилност на производството на електрична енергија до крајот на грејната сезона, на оваа 39 години стара постројка, се вели во соопштенито до медиумите.
Од РЕК „Битола“ додаваат дека согласно планот за производство, во АД ЕСМ продолжуваат со работа сите останати капацитети и потребата за електрична енергија на домаќинствата, малите потрошувачи и дополнителните снабдувања се обезбедува исклучиво од домашно производство.