2win800x200

Сервини со демант на прес-конференцијата на СДСМ Битола

Февруари 17, 2023
 

Жанета Сервини в.д. директор на СОТУ Ѓорѓи Наумов - Битола со демант на прес конфернецијата на Весна Баковска од СДСМ Битола 

 

Почитувани,

Kатегорично ги отфрламе дезинформациите кои беа изнесени од страна на СДСМ Битола. Како в.д. директор на Средното Техничко училиште имам должност да ги заштитам учениците од некоректното однесување на било кој наставник. Во овој случај, законски разрешениот директор Владимир Роме, на свој час, со омаловажување ги искина писмените тестови на учениците и ги фрли во корпата за отпадоци. Учениците, вознемирени од реакцијата на Владимир Роме, не’ информираа и ни се пожалија за овој негов некоректен однос.

За овој немил настан со учениците од класната заедница водевме разговор во присуство на психолог и в.д. директор, за што е составен записник. Станува збор за законска постапка, која се води од страна на стручната служба заради утврдување на фактичка состојба – некоректен и неетички однос кон учениците од цела паралелка од страна на наставникот Владимир Роме и поништување на тестови кои претставуваат документи што треба да се чуваат во евиденција.

Знаејќи дека ваквата негова постапка е казнива, Владимир Роме проба со изнесување на невистини во медиумите истата да ја сокрие за да не сноси одговорност, а одговорноста да ја спинува и да ја префрли врз мене. Владимир Роме е наставникот кој скандалозно се однесува и кој со кинење на тестовите и нивното фрлање во корпата за отпадоци му нанесува штета на воспитно-образовниот процес во училиштето, а воедно му штети на неговиот углед.

Јас како в.д. директор секогаш ќе ги штитам интересите на децата, и никогаш нема да дозволам учениците да бидат жртви на надменото и арогантното однесување на некој наставник, макар тоа да бил и претходен директор. Во врска со ова, ги повикувам релевантните институции да дојдат во училиштето и да ја утврдат вистината.

Со почит,

Жанета Сервини, в.д. директор на СОТУ Ѓорѓи Наумов - Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани