2win800x200

Ќе се реконструираат улици во повеќе рурални места

Февруари 22, 2023

Во програмата за работа на Општина Битола, за 2023 година предвидени се реконструкции на улици во повеќе рурални населени места.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, заедно со директорот на ЈП „Комуналец“ Горан Степановски и дел од вработените во општина Битола, го посетија с. Егри, каде е предвидена реконструкција на коловозот на 10 краци, односно улици во должина од 1369 метри. Во тек е јавна набавка за избор на изведувач, по што се очекува и асфалтирање на улиците, а вредноста на овој проект е 6.529.459 денари.

 326740342 3227223000922162 8336950072661197048 n

Локалното население ја посочи важноста од реконструкцијата на улиците, а со градоначалникот Коњановски разговараа и за останатите тековни проекти и потреби на жителите од ова село.

331068582 704891911144603 7844593468235231589 n

Во руралните средини кои гравитираат кон поранешна општина Бистрица, во наредниот период ќе се реконструираат улици и во с. Лажец, во должина од 208 метри со вредност од 1.243.193 ден, како и во с. Оптичари, каде ќе се реконструираат 7 краци во должина од 934 метри, во вредност од 5.306.954 денари. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани