АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Демант од директорката на ЈОУДГ "Естреја Овадија Мара", Лидија Тфирст Митревска, на објавата на Општина Битола во врска со проблемот во детската градинка Колибри
Точно е дека на наменска сметка на Установата има пренесен вишок, остаток, акумулиран од последните десетина години, кои се планирани за проширување на капацитетите на градинката (надградба на ДГ„Пролет“ и доградба на ДГ„Снегулка“), со што би се намалила и онака преголемата листа на чекање за прием на деца во детските градинки. Напоменувам дека средствата се строго наменски и не се планирани за одржување на објекти , во случајот промена на цевна мрежа на системот за греење во ДГ„Колибри“. Исто така напоменувам дека Установата во Септември 2017 година добила одобрение за надградба на ДГ „Пролет“ но не почнала со изградба по проектот за да во 2018 година проектот биде ставен на повторно ревидирање и одбиен од страна на МТСП, поради неправилности во проекната документација и недобивање согласност од страна на ИЗИИС.
По многуте барања од наша страна до Општина Битола за решавање на проблемот со системот за греење во ДГ„Колибри“ имавме средба со Градоначалникот Тони Коњановски на ден 25.11.2022 година. На таа средба при заедничкиот увид предлогот на Градоначалникот беше Општина Битола да изготви техничка документација, а градинката да ја плати инвестицијата за која корисници ке бидат градинката и училиштето.
Од страна на установата предлогот е веднаш одбиен бидејќи Установата нема предвидено средства за работи кои се под надлежност на Општина Битола (одржување на системи за греење). Одржувањето на системите за греење во сите објекти на Установата го изведува Општина Битола, а не знаеме од кои причини не сака да го санира дефектот во објект кој го користат детска градинка и основно училиште кој е под надлежност на Општина Битола. Јавно е достапна информацијата на Бирото за Јавни набавки дека општината има договор со економски оператор за одржување на системите за греење кои се под надлежност на Општина Битола како што е и овој објект.
Установата во овој четиримесечен период, испрати многу барања и ургенции на барања од страна на Директорот , Управниот Одбор и од страна на Советот на родители за решавање на проблемот со системот за греење. Но, за жал слух и сенс за проблемот до денес не се најде, и покрај тоа што во градинката се направи штета(потемнување и кревање на паркетот) и покрај предупредувањето на Директорот на Установата до Градоначалникот дека со секојдневното истекување на топла вода од системот за греење, по мислење на стручни лица ќе доведе до нарушување на статиката на објектот, голема потрошувачка на вода, електрична енергија и нафта. Напоменуваме дека истиот објект е еден од деветте објекти кои се темелно реновиран (лакиран паркет, молерисан објект, набавка на нов мебел,теписи) за првпат после 40 години.
Поради сето ова и со цел непречено функционирање на Установата во овој објект , Установата спроведе постапка за Јавна Набавка на квалитетни инвертер клима- уреди со кои се планира да се загрева објектот. Постапката е завршена и за краток период ке бидат ставени во функција.
Општината имаше долг временски период од 4 месеци да изнајде решение и да го санира проблемот, а за најавениот инвестициски проект од страна на Општина Битола ,Установата до овој момент не е известена.