АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во СВР Битола, Д. Р.(42) од с.Кажани, битолско, пријавил дека на 26.02.2023 околу 15.00 часот, Н. М. во негова нива лоцирана во атар на с.Кажани запалил оган на обраснатиот дел од нивата, но поради силниот ветер огнот брзо се раширил и ја зафатил шталата на Д. Р.. Од настанатиот пожар делумно изгорена и оштетена е шталата со кровната конструкција, а во внатрешноста изгорено е едно домашно животно и бали со сено. Увид извршила увидната екипа на СВР Битола, а по документирање на настанот ќе следува соодветна кривична пријава.