АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 27.02.2023 во 09.45 часот на ул.„Широк Сокак“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Р.И.(53) од Прилеп, со живеалиште во Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена артилериска граната калибар 75мм од Првата светска војна. Гранатата била предадена во Дирекцијата за заштиата и спасување за понатамошна постапка,а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.