2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Нискоградба продолжува со чистење на одводниот канал на Курделец во Брусничка наделба

Февруари 28, 2023

После обилните врнежи од дожд на крајот на минатиот месец и проблемите кои се појавија кај повеќе граѓани, работни екипи на вработени со механизација на КЈП „Нискоградба“, веднаш започнаа со работа на расчистување на наноси од песок на дел од улицата 21-ва кај ,,Хотел Битола", зграда бр.85 и згради лоцирани на улица на ,,Димитар Илиевски Мурато". Друга екипа на вработени со потребнатамеханизација на претпријатието презедоа мерки за   санирање на каналот кој беше пробиен од обилнитеврнежи од дожд на потегот од ООУ ,,Климент Охридски" до населба Довлеџик.

Причината за ваквата состојба, беше лоцирана во долгогодишната запоставеност и целосна затрупаност со отпад, како и неодржуваната вегетација, на каналот на реката Курделец, поради што градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски и директорот на КЈП „Нискоградба“, Зоран Талевски, договорија динамика за целосно расчистување на овој дел, со цел спречување на понатамошни несакани појави.

Просторот кај одводниот канал и каналот се веќе значително расчистени, а со подобрувањето на хидролошката состојба, ќе следуваат финалните активности за дорасчистување на овој дел.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани