АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Генералниот Директор на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски оствари средба со Потпретседателката Лилјана Павлова и претставници на Европската Инвестициона Банка (European Investment Bank).
На работната средба беа претставени енергетските капацитети на АД ЕСМ, завршените проекти во изминатите 3 години и планираните идни проекти за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија.
Европската Инвестициона Банка се наклонети кон пружање поддршка во секторот енергетика, особено обновливите извори на енергија и искажаа особен интерес за преминувањето на нашата земја кон обновливи извори на енергија, истакнувајќи го искуството на други земји од регионот во енергетската трансформација
Од страна на директорот Ковачевски беше порачано дека за нас во период на енергетска криза и енергетска трансформација, е од големо значење поддршката од Европската Инвестициона Банка и другите пријателски земји кои веќе го имаат поминато патот на замена на енергетските капацитети и нивно преориентирање кон почисти извори.
На средбата се разговараше и за справувањето со енергетската криза и потешкотиите со кои се соочивме како земја во услови на криза и токму затоа е од особена важност транзицијата кон обновливи извори на енергија и енергетската независност на нашата земја.