2win800x200

За учество во „Универзитетска Летна Пракса“ по 10.000 денари месечно за студенти

Март 27, 2023

Општина Битола, Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола и Јавните претпријатија, ги повикуваат сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите, да земат учество во Проектот  „Универзитетска Летна Пракса“ кој ќе се реализира преку Центарот за кариера, алумни и доживотно учење на УКЛО.

Целта на проектот, е збогатување на практичните вештини на студентите. Со истиот, ќе бидат опфатени 40 студенти, кои практикантската работа ќе ја изведуваат во месеците jули, aвгуст и септември.

Секој од избраните студенти, ќе има можност да изведува практикантска работа во период од 1 календарски месец.

За реализација на практикантската работа, избраните студенти од општина Битола ќе добиваат месечен нето надомест во висина од 10.000,00 денари.

Критериумите кои треба да се исполнат се следни:

  • Да биде редовен студент
  • Во академската 2022/2023 година да има запишано V или VII семестар.
  • Остварениот просек на положените испити од последниот семестар да не биде понизок од 8.00
  • Да биде исполнителен и одговорен при реализацијата на практикантската работа.

Секој заинтересиран студент кој ги исполнува погоре наведените критериуми, треба да ги достави следните документи:

  • CV (Europass)
  • Писмо за интерес /Мотивационо писмо
  • Потврда од факултет за запишан V или VII семестар
  • Потврда од факултет за постигнат успех во последниот сместар
  • Изјава своерачно потпишана дека ќе ги почитува правилата кои важат во институцијата  и дека ќе се однесува совесно и одговорно.

Рокот за доставување на потребните документи е 12 април 2023 година до 16.00 часот.

Целокупната документација се доставува во електронска форма на следниот e-mailОваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани