2win800x200

Показна вежба во Отешево за заштита на шумите и животната средина

Април 03, 2023

Асоцијацијата за Доброволно Пожарникарство и Кризен Менаџмент ДПД ПЕЛАГОНИЈА - ПРЕСПА на 31.03.2023 година во Отешево го организираше настанот „Јакнење на капацитетите за соработка во заштита на шумите и животната средина“. .

На настанот беше одржана показна вежба која беше изведена од страна на Противпожарната единица на ДПД Пелагонија - Преспа која во соработка со ТППЕ Ресен и Битола, како и Националните паркови Галичица и Пелистер како и Национални шуми беше успешно завршена. По што следуваше панел дискусија каде беа претсавени плановите и програмските заложби на организацијата за заедничко делување и соработка во областа на заштитата на животната средина, каде свое видување и излагање имаа и градоначалниците.
 
 
Градоначалникот на Општина Ресен Јован Тозиевски ја поздрави иницијативата за заедничко делување и соработка, а воедно го поздрави и формирањето на организацијата и ја истакна потребата на денешницата за заштита на животната средина посебно за прекрасното подрачје кое го зафаќа територијата на Преспа. Изразуваме огромна благодарност за поддшката и изјавата дека на располагање стојат за понатамошните настани, активности и соработки.
Исто така позитивно излагање истакна и Командирот на противпожарната станица Пустец, г-дин Ничо Мале кој воедно нагласи дека соработката е клучниот сегмент за справувањето со непогодите и пожарите таа заложба да се заснова и на делување „БЕЗ ГРАНИЦИ“ кое би имало значително голем ефект во делувањето со заеднички тимови.
На крајот на настанот беа засадени дрвца од страна на присутните со цел поздрава и побогата животна средина.
 
Учество на настанот зедоа Општина Ресен со градоначалникот Јован Тозиевски, Територијлната противпожарна единица Ресен, ОВР - Ресен, ПС - Ресен, П.С за Г.П и Г.Н Стење, подрачно одделение ДЗС Ресен, подрачното одделение на ЈП Национални Шуми - Ресен, Национален парк Галичица, ООЦК Ресен, Национален парк Пелистер, Завод за рехабилитација Отешево, Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, Територијална Противпожарна единица Битола и Противпожарната станица од Пустец - Албанија.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани