АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Досегашниот генерален директор на ЕСМ Васко Ковачевски си поднесе оставка од прв човек на компанијата поради лични причини.
„Оваа го имавме разговарано уште во текот на минатата година, дека има потреба да се посвети повеќе на своето семејство поради големите работни обврски што ги поминува секој менаџер во една ваква криза во голема компанија која ја снабдува цела држава со електрична енергија. До мене усно, а утре и писмено ќе биде доставена оставката која ќе биде усвоена на следната седница на Влада и ќе биде препорачано нов директор на ЕСМ да биде избран Васко Стефанов, досегашен директор на Пошти, а претходно на Водостопанство, во приватниот сектор, менаџер во техничка логистика на Техничкиот факултет, со големо менаџерско искуство“, соопшти премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес конференција за годишниот извештај на АД ЕСМ за 2022 година.
Премиерот му се заблагодари лично на Ковачевски за вложениот труд во менаџирањето на компанијата во исклучително тешката ситуација поради енергетската криза, трпеливоста, знаењето и трудот што тој и останатиот менаџерски тим го вложија во снабдувањето на државата со електрична енергија.
И министерот за економија Крешник Бектеши му се заблагодари на Ковачевски за големиот труд и истакна дека има само позитивни зборови за вработените во РЕК, ЕСМ и Ковачевски.
„Моја заложба и на претседателот на Владата беше да го убедиме Ковачевски и другите членови на УО да работат до завршувањето на кризата и денес сме во ситуација каде имаме позитивни резултати од ЕСМ кои не беа очекувани ако зборувавме пред шест до осум месеци. Но, тие покажаа дека компанијата може да се носи со енергетската криза“, рече Бектеши.