2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Општина Битола на оглас бара идејно решение за новогодишно украсување на градот

Април 06, 2023

Повикот е наменет за сите креативи граѓани, здруженија на граѓани и фирми, кои можат да креираат и да понудат идејно решение за новогодишно украсување на градот за Новата 2024 година и тоа на следните локации:

Ø  Старата чаршија,

Ø  Широк Сокак од Саат кула до ул. „Партизанска“

Ø  Сите кружни текови во градот

Секој учесник, односно група на учесници може да учествува во повикот со поднесување на идејнo решениe за сите наведени локации. Идејното решение се доставува на електронската адресаОваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 15 мај 2023 година (15:30 часот). Во прилог на идејното решение потребно е да бидат наведени податоци за подносителот - име и презимеконтакт телефон.

Според основните технички барања, понудувачот согласно расположливите материјали кои ќе можат да се набават/изработат во државата, ќе треба да достави скици со изглед, димензии, бои, тип и моќност на светлосен детал прицврстен на украсот/групата на украси, можност за приказ на слики во електронска форма на изработениот украс/група на украси за соодветната локација, предмер-пресметка за материјалите и работните активности со реални цени на пазарот и сл.....

Согласно критериумите за избор, идејните решенија треба:

Ø  да бидат уникатни и да имаат концепт,

Ø  да бидат креативни и да не потсетуваат на веќе изведени решенија,

Ø  да бидат лесно изводливи и да не бидат скапи за изведба,

Ø  декоративните елементи и украси кои треба да се приклучат на струја да бидат опишани од технички аспект (материјал, активност и време на изработка, начин на прицврстување/монтажа, маса, моќност на потрошувачканачин на електрично поврзување и степен на заштита).

Пристигнатите идеи ќе бидат разгледувани од страна на посебна Комисија формирана за оваа намена од страна на Градоначалникот на Општина Битола, а најдобрите 3 решенија ќе бидат парично наградени:

-Прва награда   180.000 ден

-Втора награда   80.000 ден

-Трета награда    40.000 ден

Со исплата на наградите Општина Битола се стекнува со право да ги користи целосно или делумно понудените идеи.

Општина Битола, силно верува во креативниот потенцијал на своитеграѓани и во нивната желба и подготвеност, заедно со општината да учествуваат во новогодишното украсување на градот.

Јавниот повик е објавен на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/wordpress/wp-content/uploads/2023/04/javen-povik-novogodisno-ukrasuvanje.pdf.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани