2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

СДСМ сатирично подели пофалници за јавните претпријатија кои работат со загуби

Април 20, 2023

На сатиричен начин координаторот на советничката група на СДСМ Методија Илиевски денес им додели пофалници на сите директори на јавните претпријатија од Битола за како што речЕ, со иронија да ги пофали за постигнатиот успех што дел од нив имаат завршни сметки со загуби. Ова се случуваше за време на денешната седница на Совет на која на дневн ред беа извештаите за финансиското работење на деветте општински јавни претпијатија. Тој даде пофалници и за градоначалникот Тони Коњановски и претседателката на Совет Габриела Илиевска за изборот на менаџерскиот тим што ги води претпријатијата.

„Ако успеавте од позитива или од позитивна нула како што ги презедовте јавните претпијатија за една година да ги доведете до загуба, што ќе се случи со нив доколку продолжите со истоито темпо по една или две години? Ќе треба да ги затворите и да прогласиме стечај! Моменталната состојба на јавните претпријатија е полоша и од времето на Двојче. Ние нема да продолжиме да учествуваме во ваква лакрдија и пазарење, имаме дневен ред со повеќе од 80 точки, се исцрпуваме со 10 часовни седници, а напредок нема“, рече Илиевски, по што советниците од опозиционата СДСМ ја напуштија седницата и не гласаа за завршните сметки на претпријатијата.

Според извештаите образложени пред Советот, дури четири од девет јавни претпријатија имаат завршна сметка за 2022 година со вкупна загуба од над 44 милиони денари. Повеќето од директорите рекоа дека загубите се должат на високите цени на струјата и горивото. Другите претпријатија работат со добивки или изедначени приходи и расходи. Без загуби се Нискоградба, Жабени, Зоолошката градина, КИЦ, ЈП за урбанистичко планирање и Пелалинк, кое нема ни трошоци зашто нема вработени. 

По заминувањето на опозицијата, беше прекината седницата. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани