АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Согласно склучениот договор помеѓу Општина Битола и „Проветалек“ Дооел Новаци, економскиот оператор, продолжува со заловување и стручен третман на кучиња скитници и нерегистрирани кучиња на територија на Општина Битола.
Согласно планот за работа и новата популација на кучиња, од денес, следните 3 недели, како што претходно најави градоначалникот Тони Коњановски, приоритет имаат локациите околу основните училишта: „Свети Климент Охридски“, „Елпида Караманди“ и „Тодор Ангелевски“, како и делот на Саат Кулата, Широк сокак до „Император“, стадионот „Петар Милошевски“ и просторот на поранешната Касарна.
После завршувањето на третирањето на наведените делови од градот, ќе се продолжи на други локации каде што е евидентирана потреба од интервенција. Заради постигнување на поголема ефикасност во работењето, заловувањето ќе се врши реонски, со однапред дефинирани реони.