АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Наставници и ученици од ОУ „Коле Канински“ - Битола, беа дел од Еразмус+ проектот „Дигитална моќ“, кој се одржа во Хрватска Винковци.
Учество зедоа вкупно пет учесници и тоа двајца наставници од „Коле Канински“, Елена Петков, наставник по германски јазик, која е исто така и координатор на проектот, Александар Трајковски, наставник по информатика и Ивона Вељаноска, заменик-директорка на OУ „Коле Канински“ заедно со две ученички, Марта Педевска и Тамара Корлеска.
Наставниците, заменик-директорката и учениците го посетија училиштето „Руџер Бошковиќ“ во градот Винковци, Хрватска. Целта на проектот наречен „Дигитална моќ“ е ефикасното користење на дигиталните алатки за образовни цели.
За време на посетата, децата и наставниците имаа можност да ги посетат часовите во самото училиште и да користат различни дигитални алатки заедно со употреба на дигитални компетенции, а зедоа учество и во работилница наречена виртуелна реалност.