АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Околу 350 ученици од основното училиште „Коле Канински“ - Битола беа евакуирани поради земјотрес пропратен со мал пожар во просториите на училиштето и пет повредени лица. Училиштето, заедно со службите за итна интервенција од општина Битола: Црвен крст, ИМП, ТППЕ, ЦУК, СВР Битола, ДЗС и општина Битола, реализира симулациона вежба - земјотрес во просторите на централното училиште и подрачните училишта кои се дел од ова училиште.
За време на симулационата вежба беше реализирано сценарио: земјотрес ги затекнува учениците на час, а задача на наставниците беше безбедно да ги евакуираат учениците, според претходно извежбани насоки на движење, како и да имаат увид во тоа кои и колку ученици фалат. Во текот на симулационата вежба, се одронува таванот во една од училниците и 3 ученици остануваат заглавени во рушевините, а исто така има и други двајца тешко повредени ученици. Поради тоа потребна е интервенција од страна на службите за итна интервенција, со тоа што произлегува агендата, сценариото и должностите за вежбата на одредените служби.
Додека трае ѕвонењето на ѕвончето, со кое се означува траењето на земјотресот учениците ги следат укажувањата од наставникот: смирено без паника се засолнуваат (под клупите или под рамката на вратата ). По пауза од 2-3 минути, за кое време учениците се засолнети, се слуша второ ѕвонче. Второто ѕвонче го означува стартот на евакуацијата на учениците и наставниот кадар. Наставниците имаат задача да ги напуштат училниците заедно со учениците. (наставникот излегува последен од просторијата со тоа што мора да провери дали има некој заостанато во училницата).