ИНЖЕНЕР ОД ГЕРМАНИЈА ОДБРАЛ СТРУЧНАТА ПРАКСА ДА ЈА МИНЕ ВО РЕК

Јули 18, 2018

Одлучил стручната пракса како дипломиран електроинженер да ја мине во РЕК „Битола“, иако имал шанса да избере престој во други европски земји. Германецот Себастијан Ох од Нинберг, дипломец на Универзитетот во Бајројт, северна Баварија, веќе неколку недели професијата ја усовршува во Рударско-енергетскиот комбинат во Битола. Одбрал да дојде на пракса во Македонија зашто за него била непозната земја, а слушнал дека има голема термоелектрана како РЕК.

„Никогаш досега не сум бил во термоелектрана од ваков калибар, со толкава големина, за мене е фасцинантно тоа што на едно место се наоѓа и производството и рудникот, тоа што имаа сопствен рудник за кој не треба да има долги и големи транспортни ленти“, вели Ох.

 

Во усовршувањето му помага Билјана Шопова Алушовска, одговорен инженер во анализа на процес и дијагностика во Сектор производство и термоелектрана во РЕК „Битола“. Веќе месец и половина работат заедно. Вршат мерења на вибрациите на сите ротирачки машини во термоелектраната, мерења на процесни параметри на турбина, генератор, хотел, садови под притисок. Потоа прават дијагностика на работата на машините и кога е потребен ремонт.

„Во РЕК секое лето имаме по некој студент од странство и си одат со нови искуства и познавање на работата и државата, културата. Добиваме идни соработници, ја зголемуваме можност за стручна соработка со компаниите и универзитетите од странство. Со секој студент од странство што го примаме тука, му овозможуваме на наш студент посета во компанија во странство. Пред минатата година во РЕК имаше 3 студенти од Полска и Чешка, а пред тоа имавме студент од Јапонија. Годинава уште три студенти има во други капацитети на ЕЛЕМ. Во ХЕЦ ‘Козјак’ има студент од Судан“, рече Шопова Алушевска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани