2win800x200

Неделковски-Нобеловецот Ден Шехтман е новиот почесен професор на УКЛО

Мај 26, 2023

Проф. д-р Ден Шехтман од   Израел, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година за откривањето на квазикристалите, е новиот Почесен професор на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола. Свечената промоција, на која на д-р Шехтман ќе му бидат врачени инсигниите на Универзитетот – Дипломата и Oдората за Почесен професор, ќе се одржи утре, 26.05.2023 г., во 10 часот во Офицерскиот дом во Битола.

 

Промовирањето на д-р Шехтман за Почесен професор на УКЛО го најави ректорот на Универзитетот проф. д-р Игор Неделковски на средбата со медиумите која се одржа на 26.05.2023. При тоа тој нагласи дека ова е прв пат на нашиот Универзитет да присуствува еден нобеловец, прв пат на нобеловец да му се предложи и тој да се согласи да биде избран во звање Почесен професор и со тоа да прифати да биде дел од УКЛО.

Професорот Шехтман е член на четирите најмоќни академии на науки во светот: на Израелската, Европската, на Руската академија на науки и на Американската национална инженерска академија. Како професор работел на Институтот за технологија во Хаифа, Израел. Во периодот од 1986 до 2008 година, проф. Шехтман има добиено вкупно 11 итенарнационални награди и признанија.

На чинот на промоцијата, покрај ректорот, проф. д-р Игор Неделковски, за професионалната и сестрана кариера на д-р Шехтман ќе говори претседателот на Рецензентската комисија, проф. д-р Анка Трајковска Петкоска, а официјалната одлука на Сенатот на УКЛО за доделување на звањето Почесен професор ќе ја прочита претседателот на Сенатот на Универзитетот, проф. д-р Николче Јанкуловски.

На свечениот настан, на кој проф. д-р Ден Шехтман ќе одржи пристапно предавање, ќе присуствуваат претставници на академската заедница на УКЛО и личности од општествено-политичкиот и културниот  живот во градот и Републиката.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани