2win800x200

Презентирана стратегијата за локален економски развој на Битола 2023 -2027

Мај 30, 2023
во општина Битола се одржа презентација на Нацрт верзијата на Стратегијата за локален економски развој на општина Битола, за периодот 2023 -2027 година, која општината ја работеше во изминатиот период со техничка поддршка од проектот на УСАИД „Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите“. Настанот беше дел од проектот “Заштита од корупција” имплементиран од Младински културен центар-Битола во партнерство со Центар за граѓански комуникации од Скопје. финансиски поддржан од Кралството на Холандија.
Можно е да е слика од 1 лице, учење и текст
На денешниот настан присуствуваа претставници од институциите кои учествуваа во изработката на Стратегијата, претставници од бизнис секторот, Регионалната стопанска комора, дел од советниците од општинскиот совет и невладиниот сектор.
Процесот на изработка, беше воден од градоначалникот преку назначените лица, заедно со Локалниот економско социјален совет и вклучување на раководителите во општината, при што воспоставена е соработка со Универзитетот, Агенцијата за вработување, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, Невладиниот сектор, Регионалната стопанска комора, согледани се можностите за финансирање и законската регулатива и секако во центарот на вниманието е ставен бизнис секторот.
Фокусот на оваа стратегија е да овозможи поголема вклученост на бизнис секторот во создавањето на општинските стратегии, како и развојот на приватниот сектор, за да се зголеми растот, развојот и вработеноста.
Покрај добиените податоци од релевантни институции, спроведена е анкета со бизнис секторот и граѓаните. Врз основа на сите тие елементи извршена е СВОТ анализа и идентификувани се силни, слаби страни, можности и закани, за потоа да биде одредена визијата, стратешките цели, акцискиот план, шемата за финансирање и релевантните индикатори за мониторинг.
Можно е да е слика од 3 луѓе и текст
Врз основа на тоа, дефинирана е следната визија на Стратегијата на општина Битола:
Економски силна општина, со поволна бизнис клима и оптимални инвестициски можности, атрактивна културно - туристичка дестинација, општина со имплементирани зелени и енергетски ефикасни решенија и развиена инфраструктура.
На следниот линк, можете да ја најдете Нацрт верзијата на Стратегијата за локален економски развој за периодот 2023-2027 година.
Сите ваши сугестии и мислења, може да ги доставите на следната мејл адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., најдоцна до 05.06.2023 година.
Можно е да е слика од 1 лице, учење и текст
 
Можно е да е слика од 4 луѓе, луѓе студираат и текст
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани