АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ќерката на Габриела Илиевска, претседател на Советот на Општина Битола влегува како практикант во Министерство за земјоделие, за што најверојатно ќе биде ангажирана во подрачната единица во Битола, дознава Апла.мк од свои извори.
На страната на МЗШВ вчера е објавена информација за јавниот оглас и донесената одлука за ангажирање на практиканти. На следниот линк https://www.mzsv.gov.mk/
Во информацијата е пренесена одлуката на МЗШВ, а во неа стои дека врз основа на спроведена постапка за ангажирање на практиканти на МЗШВ се ангажираат по име и презиме пет лица, а на четврто место стои името на Симона Илиевска.
Пративме телефонска порака до претседателката Илиевска да даде коментар, но досега не добивме, штом добиеме ќе биде објавен.
Но, затоа пак подрачниот раководител на МЗШВ Битола, Методија Илиевски за Апла.мк даде изјава и транспарентно се повика на јавно објавена информација на веб страната на МЗШВ.
-Имаше оглас за практиканти од страна на МЗШВ, како и секоја година заради периодот на пријавување на субвенции. Избрани се практиканти од Битола, а според името една од нив е ќерката на претседателката на Советот Габриела Илиевска. Имам информација дека од првично објавени десеттина места се пријавиле само 5 апликанти на огласот“, ни рече Илиевски во изјава за Апла.мк.
Според одлуката треба да се потпишат договори со практикантите.
А.Б