АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
-Уште една манипулација од градоначалникот Коњановски , затоа што тој проект за изградба на кружен тек кај Ветеринарното беше во програмата за економски развој, и ние велевме дека таму треба да има кружен тек, но не во габарит на фудбалско игралиште, кој што е непотребен и нефункционален, ќе го оштети зеленилото, кажавме јасно и гласно дека нема да дозволиме сечење на дрвјата. Ние ја поддржавме програмата за економски развој во која што ветуваат нова Противпожарна станица, мултифункционален спортски објект, се што опфаќа таа програмата, а тука е и кружниот тек. На 28 декември 2022 година, советничката група на СДСМ и коалицијата гласаа "ЗА" за амандман предложен од ДПМНЕ со кој требаше да се предвидат пари во буџетот за изградба на кружен тек кај Ветеринарното под услов проектот да биде ревидиран и да не предвидува сечење на дрвјата и зеленилото во околината. Тие ветија дека нема да биде истиот проект на Владимир Талески, кој што не го прифатија граѓаните, а го одби и Советот, беше стопиран, ветија дека ќе има нов проект. Градоначалникот Коњановски и советниците на ВМРО-ДПМНЕ поддржуваат проект на Владимир Талески, за кој ние сме на истиот став и тогаш и сега, тој проект не е добар, вели Борче Корелвски, советник од СДСМ
исечок од 22 Седница на Совет на Општина Битола (28.12.2022)
-Ги повикавме и општинските органи и Инспекторатот за животна средина да се види кој одобрил и потпишал такви активности . Ги чекаме тие информации, по што ќе бидат известени и сите надлежни органи, одговорност мора да има, пријава ќе биде поднесена за се што е надвор од законските прописи, но да ги почекаме сите информации, рече Корлевски