АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 11.06.2023 во 18.30 часот на ул.„Алексо Нанески" во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола ги лишиле од слобода К. Ј.(35) и Ј. Б.С.(34), двајцата од Битола. При преглед кај нив и во возило „пежо“, во кое се превезувале, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, дигитална вага со траги од бела материја, таблети, три шишиња исполнети со течност, ампули и други предмети. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.