2win800x200

Општина Битола нема да дозволи нанесување штета на ниту еден отпочнат проект, реализација со планираните буџетски средства

Јуни 13, 2023
Општина Битола со сите програми, како и со измените и дополнувањата на програмите и развојната програма, секогаш настојува да реализира проекти кои се во интерес на сите граѓани, вклучувајќи различни области, како од аспект на инфраструктурата, економскиот развој, спортот, културата, социјалната заштита и сите други области во надлежност на локалната самоуправа.
Советничката група на СДСМ знае дека при измени и дополнувања, како и при ребаланс на буџет, дозволени се одредени поместувања во програмите, кои одговараат на законскиот сооднос помеѓу приходите и расходите. Од таа причина, пренамена на над 200.000.000 денари, како што се наведува во соопштението на советничката група, значи обид за ширење невистини во јавноста, залажување на граѓаните на штета на општината.
Општина Битола, ги почитува предлозите на советничката група на СДСМ, нагласувајќи дека, секој проект може да биде дел од идните општински програми, при следното планирање на буџетот, а во овој момент, потребен е ребаланс за најголемите приоритети на локалната самоуправа, кои произлегуваат од претходното планирање и моменталните состојби во одредени области.
Локалната самоуправа, нема да дозволи нанесување штета на ниту еден отпочнат проект и сите ќе бидат реализирани во рамките на планираните буџетски средства, а планираните зголемувања (или намалувања на средства), нагласуваме: може да се движат во дозволениот сооднос. Доколку советничката група на СДСМ, предлагач на проектите за измени во буџетот, за истите има обезбедено дополнителни донации од одредени фондови, потребно е да достави официјално известување, за да може средствата да бидат вклучени за реализација на сите предложени проекти.
Општина Битола, го поздравува повикот на советничката група на СДСМ за вклучување на граѓаните со свои предлози во креирањето на општинскиот буџет, затоа што тоа е веќе востановена практика на општината што се потврди и со форумските сесии, организирани од локалната самоуправа на крајот на минатата година и достапни на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/forumski_sesii_22/.
Како резултат на овие сесии и извршеното планирање во моментот се работи на ул. Зборска, Драгорска, СРУ 5, Егри, Оптичари, Лажец, населба Недопирливи, улична мрежа кон Долно Оризари, паркинг просторот кај улица Цане Василев, партерно уредување кај Офицерски дом, првата фаза од прифатилиштето за бездомни животни и на други локации.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани