АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денеска во Битола во 19 часот, ќе се одржи протест пред Основното јавно обвинителство за Јана Христовска која во март почина во Битолската болница.
Протестот насловен „Правда за Јана“ се организира по објавувањето на јавнообвинителската одлука во која стои дека за смртта на малото девојче нема кривична одговорност кај здравствените работници.
Семејството на малата Јана не е задоволно од одлуката на ОЈО и најави меѓународна експертиза на целиот случај.