АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Детето каснато од кучиња скитници е примено на Ортопедија и е во добар состојба, потврдува директорката на Клиничка болница Битола д-р Елизабета Ивановска.
„Дете на 13 години е примено на одделението за Ортопедија со каснатини од куче. Има повреди на десна глутеална регија. Повредите се санирани“, потврди д-р Елизабета Ивановска, директор на Битолската клиничка болница за „Апла.мк“.
Денеска од куче скитник бил каснат и странец од Србија и тој е лекарски третиран.
„Исто така 49 годишен странец е каснат од куче скитник на лева потколеница и нему му е укажа лекарска помош на Ортопедија и пуштен е од болница“, потврди д-р Ивановска.
Фотографија Апла.мк.
А.Блажевска