2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

НОВО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ И НОВА ПЕШАЧКА ПАТЕКА НА ПАТОТ КОН ДОЛНО ОРИЗАРИ

Јуни 30, 2023

Долгогодишното барање на граѓаните за поставување на улично осветлување на потегот од Цермат до Долно Оризари е реализирано. Во пресрет на празникот „Свети Наум“, чие име го носи црквата на влезот на селото, светна уличното осветлување на новоизградената патека која беше дел од проектот „Реконструкција на тротоар кон постоечки коловоз на дел од улица „Ѓурчин Наумов – Пљакот“ и улична мрежа на локален пат до село Долно Оризари.

Со цел согледување на успешната реализација на овој проект, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и заменик градоначалникот Бојан Бојкоски, се сретнаа со дел од жителите на Долно Оризари, кои изразија голема благодарност за реализацијата на проектот за кој постоеше барање повеќе од 30 години.

Со завршувањето на активностите, се зголемува безбедноста на граѓаните како учесници во сообраќајот, а посебно на младите луѓе кои и вечерва во голем број беа присутни на оваа релација, движејќи се во многу подобри и посигурни услови.

Новата патека е во должина над 1 километар, a инвестицијата за градежните работи изнесува 3.339.135 денари, додека за улично осветлување, инвестирани се 3.052.163 денари од општинскиот буџет.

 

received 794174165699461

received 916353479464533

received 3427640197500426

received 656262572618765

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани