АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Административците кои користат неплатено отсуство по 3 месеци за да работат во странство, по нивното враќање да се вработата во приватниот сектор каде има недостиг на работна сила. Ова е предлогот на вицепремиерот Фатмир Битиќи, запрашан денеска во Битола дали трендот вработени од јавната администрација да заминуваат на неплатен одмор за да одат на печалба има загрижувачки размери.
-Фактот дека можат да добијата неплетен одмор значи дека нивните работни места не се потребни. Имам еден предизвик кога ќе се вратат во септември истите да ги понудиме на приватниот сектор. Ќе дадеме и стимулирање за да се вработат во приватниот сектор затоа што таму имаме 10 илјади работни места кои што не можат да се пополнат, вели вицепремиерот Фатмир Битиќи.
Битиќи вели дека државата ќе помогне да го стимулира овој процес со субвенционирање на придонесите, но да се откажат
-Ако има такви кои сакаат да се откажат од луксузот кој некој им го дал да бидат дел од јавнито сектор, во септември можат да се пријават, ако треба државата ќе ги плаќа придонесите, само да обезбедиме работници за приватните компании, вели Битиќи.
Дека административците масовно користат неплатен одмор за да работата во странство, вчера за некои медиуми потврди и министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу. Само од ова министерство годинава 15 лица зеле неплатен одмор, објави СДК, 21 во МВР, а според порталот 4000 Македонци добиле дозвола за престој и работа во Хрватска ова лето. Според Законот за работни односи работникот може да отсуствува без надомест на плата и придонеси најдолго три месеци во текот на една година. Но условите се утврдени со Општиот колективен договор за јавен сектор, а одлуката ја одобрува работодавачот, во согласност со тоа дали процесот на работа дозволува користење на такво отсуство.