2win800x200

МКЦ Битола изразува длабоко жалење за смртта на момчето од Шпанија кое се удави на Олимписки

Јули 09, 2023

 МКЦ Битола изразува длабок жалење за прераната смрт на момчето од Шпанија кое се удави во Олимпискиот базен во Битола а учествуваше во проект каде партнерска организација е и МКЦ Битола. 

 

Со длабока тага сакаме да Ве информираме дека момчето Ч.С. (22) од партнерската организација Карабуци од Барселона, Шпанија во петокот попладне доживеа смртоносна несреќа. Трагедијата се случи нешто после 16.30 часот на Олимпискиот базен во Битола, каде беше заедно со 2 другари за време на попладневната пауза на музичкиот камп во Битола.
Лекарската екипа на местото на настанот интервенираше во оваа критична ситуација на лице место со реанимација, бидејќи удавеното момче не даваше знаци на живот. Подоцна беше префрлен во битолската Клиничка болница, каде му беше укажана секаква можна лекарска помош. За жал, ништо не можеше да го спаси животот на младото момче. Смрт констатира лекар од итна медицинска помош, а увид изврши увидната екипа на СВР Битола. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.
Испраќаме најдлабоко сочувство до неговото семејство, роднините, организациите и локалните заедници погодени од овој трагичен настан, за заедно да се справиме со тагата во овие тешки моменти.
Тимот на Европската Караван Мрежа
Партнерски организации вклучени во проектот заедно со МКЦ-Битола се и Мадам Фортуна од Белгија (носител на проектот), Аларм Театар и Амародром од Германија, Талер де Музикс и Карабуци од Шпанија, Њу дач конекшнс од Холандија и Бекос ју арт од Франција.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани