Управата за хидрометеоролошки работи упати АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Под влијание на топол бран утре ќе се задржи сончево и многу топло време, во поголемиот дел од земјава со температури над 35 степени, а наместа и над 40 степени. Во Битола максималната температура ќе достигне до 38 степени
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Под влијание на топол бран следува период на стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35 степени, а утринските во јужните делови од земјава нема да се спуштаат под 20 степени. Особено топло утре ќе биде во целава земја, а во петок само во јужните делови кога наместа температурата ќе надмине 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.
ИЗВОР:УХМР