2win800x200

Николовски-Коњановски нека го поддржи амандманот на СДСМ за изградба на атлетска патека на стадионот!

Јули 25, 2023
https://www.facebook.com/SDSMBITOLAoficijalna/videos/1002556654398490
Интергрален текст од изјавата на Петар Николовски, советник од СДСМ 
 
Еден од амандманите на буџетот што ги предложи СДСМ на последната седница на Советот на Општина Битола е да се издвојат средства за изградба на атлетска, тартан патека на Стадионот Петар Милошевски.
Со амандманот се предвидуваат 2 милиони денари за изработка на техничка и проектна документација за патеката, а со измени на развојната програма за 2023 година предлагаме да се обезбедат уште 20 милиони денари за да отпочнат активностите за реализација на овој проект. Атлетската патека би била готова следната година за што во буџетот за следната година треба да се предвидат 80 милиони денари.
Барањето за изградба на атлетска патека е барање на атлетичарите кои постигнуваат забележителни резултатите на натпреварувањата и покрај тоа што немаат соодветни услови за тренинг. Организаторите на трката “Трчај бе” бараа изградба на атлетска патека и од поранешната градоначалничка Наташа Петровска, но тогаш стадионот беше уште во изградба и немаше услови за таква инвестиција.
Еве му сега шанса на градоначалникот Тони Коњановски да го исполни барањето на атлетичарите и ветувањето што самиот го даде на Атлетскиот клуб Олимп уште на 19 мај минатата година. Или и тоа беше само за сликање и парада?!
Коњановски нека го поддржи амандманот на СДСМ за изградба на атлетска патека на стадионот! Како е можно со буџет од над 33 милиони евра, градоначалникот да нема пари за атлетска патека, за улица, за водовод или за канализација, а од друга страна Коњановски дели милиони од општинскиот буџет на членови и симпатизери на ДПМНЕ, роднини, пријатели, кумови и деверици на неколкумина функционери во локалната власт!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани