Webp.net gifmaker

Стадионот во Битола добива нов модерен лик по УЕФА стандарди

Јули 24, 2020

 

БИТОЛА – Битола  е град на фудбалот, а битолчани од недела до недела живеат за фудбалот чекајќи ги натпреварите на стадионот под Тумбе Кафе. Без оглед дали ФК Пелистер игра со Вардар, Победа или Брегалница, фудбалерите на битолскиот тим имаат безрезервна поддршка од битолчани. Она што спортската јавност во Битола со децении го посакуваше е нов стадион под Тумбе Кафе.

Северната трибина од стадионот интензивно се гради и го добива новиот лик. Наскоро стадионот ќе добие комплетно опремена трибина за 4.500 гледачи, со соблекувални, со прес-канцеларии, свечена ложа и сите пропратни елементи. Или вкупно, стадионот ќе има капацитет од 12.300 столчиња.

„Армирачко–бетонските работи за кои временски е потребно најдолг период на изведба се во завршна фаза и остануваат уште неколку елементи од монтажните трибини. Во овој момент реализацијата на проектот е над 50 отсто. Ѕидарските работи по сите нивоа се завршени 100 проценти. Над 50 отсто е реализацијата на системите за греење, ладење и вентилација. Се работи и делот со столаријата. Отпочнати се активности за изградба на челичната кровна конструкција. Реализацијата се одвива со значително зголемена динамика“, велат од Општина Битола.

На стадионот во Битола се игра не само машки ами и женски фудбал. На зелениот килим покрај градежните работи ова лето, се игра и тренира, а секој ден е преполно со тимови на млади фудбалери. ФК Пелистер полека, но сигурно се враќа на старите патеки. Оваа година ќе биде конкурент во Првата лига каде се враќа по две години пауза и огромната финансиска дупка наследена од поранешната управа.

„Новата трибина на стадионот во Битола ќе значи подобри услови за работа за сениорската екипа на  ФК Пелистер, и за домашните и за гостинските екипи. Трибината се гради според УЕФА стандарди со соблекувални, фитнес сали, допинг сала, она што досега го имавме со просечни услови или воопшто го немавме. Подобрените услови ќе значат враќање на гледачите на трибините“, вели Пеце Коруновски, директор на ФК Пелистер.

Во моментов во Битола само во младинските категории на ФК Пелистер членуваат до 350 деца од 5 до 18 години. А во останатите пет фудбалски школи уште 200 до 250 младинци тренираат фудбал.

Она што на градот му е потребно покрај трибината е нова инфраструктура, нови зелени терени.

Целиот текст е на овој линкhttps://nezavisen.mk/stadionot-vo-bitola-dobiva-nov-moderen-lik-po-uefa-standardi/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=stadionot-vo-bitola-dobiva-nov-moderen-lik-po-uefa-standardi

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани