2win800x200

СДСМ до Коњановски-Кој кому треба да се извини?!

Јули 26, 2023
ОО на СДСМ со реакција на пишувањето на градоначалникот Тони Коњановски, советниците од СДСМ да му се извинат  по решението со кое Државниот инспекторат за локална самоуправа доставува опомена до претседателката на Советот, Габриела Илиевска, за незаконско постапување при донесувањето на одлуките за разрешување на членовите на управните и надзорните одбори.
-Државниот инспекторат за локална самоуправа ја опоменува претседателката на Советот, а Вас како градоначалник Ви укажува како да работите, а Вие барате да Ви се извини СДСМ!?
Па, токму заради ова што го констатира инспекторатот поднесовме кривична пријава против Вас за злоупотреба на службената положба!
Во фиока можи да си чувате со месеци само чоколатца од патувањата во странство! НЕ и одлуки на советниците во Советот!
И сега, кој кому треба да се извини?!
Извинете се Вие Коњановски на битолчани за сите лаги што ги кажувате, за неспособноста да го водите градот, за аздисаноста во трошењето пари!, напишаа од СДСМ 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани