2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

На денешен ден е убиена Ирина Гинова-Мирка

Јули 26, 2018

На денешен ден - 26 јули  во 1946 година во Ениџе-Вардар, Егејски дел на Македонија, е убиена Ирина ГИНОВА-Мирка, припадник на македонското националноослободително и грчкото комунистичко движење и учесник во Антифашистичката и Граѓанската војна во Грција.

Родена е во селото Русилово, Воденско, Егејскиот дел на Македонија, во 1916 година.

Откако заврши учителска школа, доби работа како учителка.

Беше предвоен активист на грчкото комунистичко движење. Во периодот на тројната фашистичка окупација на Грција и Егејскиот дел на Македонија активно го помагаше и организираше антиокупаторското движење. Од 1943 година стана борец во партизанската единица на ЕЛАС која дејствуваше на Ниџе Планина. Набрзо беша избрана во раководството на грчката комунистичка и антифашистичка организација на жените во Воденско. Во 1945 година се вклучи во Народноослободителниот фронт (НОФ) на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Во наредниот период дејствуваше илегално по селата во Мегленско, Воденско и Островско. Беше член на Окружниот одбор на НОФ за Воденско, а во негови рамки беше одговорна за прашањата на жените.

Заробена е на 6 јули 1946 година, по кратка борба во Почепската шума, односно во близина на селото Почеп, Воденско.

По повеќедневно мачење ипонижување, на 23 јули 1946 година беше изведена пред воениот суд во Ениџе-Вардар и заедно со соборците со кои беше заробена, беше осудена на смрт со стрелање.

Неколку дена потоа егзекуцијата е извршена на гробиштата во Ениџе-Вардар.

По повод стрелањето на Мирка Гинова, Општинскиот Одбор на Сојуз на Борци од Битола, дел од семејството на Мирка Гинова како и граѓани продолжувачи положија свежо цвеќе пред нејзината спомен биста во Градскиот парк во Битола.

mirka2

 

                                               подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани