АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Крсте Петков Мисирков е роден на 18 ноември 1874 година во село Постол, Ениџевардарско, Егејски дел на Македонија.
Се школувал во грчкото училиште во сопственото село, а потоа во Србија и Бугарија. На крајот се школувал и во Русија, каде се занимавал и со научно-истражувачка работа од областа на јужнословенската филологија, историја и етнографија.
Активно учествувал во разни студентски македонски организации. Меѓу останатото, тој бил и претседател на Тајниот македонско-одрински кружок во Санкт Петербург, член – основач на Македонското студентско друштво „Св. Климент“, кое подоцна се преименувало во Македонско научно-литературно другарство „Св. Кирил и Методија“ и се претворило во најзначајна македонска научна и национална институција во првите две десетлетија на XX век.
Во наредниот период, сè до ноември 1918 година, со сосема мали прекини, Мисирков живеел во Русија и неуморно работел на афирмација на посебниот македонски национален идивидуалитет.
Потоа, заедно со своето семејство, се населил во Бугарија каде живеел и работел до својата смрт на 26 јули 1926 г.
Годишнина од смртта на Мисирков денеска единствено ја оддбележа Здружението на гараѓани „Антифа„ од Битола
подготвил: д-р Александар Литовски, историчар